• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Во реонот на државната граница кај скопското село Танушевци, од косовска и македонска страна на границата, вчера Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока.

Како што соопштија денеска од МВР, на косовска страна била извршена контрола на возило комби „фолксваген“ со косовски национални ознаки и биле пронајдени повеќе од 100 пакети текстилна и друга стока, по што од слобода бил лишен возачот.

- Подоцна, по извршена контрола на напуштени објекти околу граничната линија, полициски службеници во село Танушевци околу 19.00 часот пронашле повеќе од 130 кутии со разновидни обувки, како и околу пет кубни метри исечено огревно дрво. За настанот бил запознаен јавен обвинител, кутиите со обувки ќе бидат предадени на Агенција за одземен имот, а дрвата на Шумска полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан