• среда, 20 ноември 2024

Спречени кибернапади за време на Евровизија

Спречени кибернапади за време на Евровизија
Рим, 15 мај 2022 (МИА) - Италијанската полиција денеска соопшти дека спречила кибернапади врз Евровизија. - Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи за борба против компјутерскиот криминал, во соработка со организаторите на Песна на Евровизија и техничките служби на државната телевизија и радио корпорација „Раи“, елиминираа различни ДДОС компјутерски напади насочени кон мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапите на уметниците, се наведува во соопштението на италијанската полиција. Хакери од проруската група „Клиент“ се обиделе да продрат во системот на Евровизија на отворањето и синоќа, за време нафиналето. На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“. ми/

Остани поврзан