• вторник, 24 декември 2024

„Спорт за општествен напредок“ ги доближува олимписките вредности до младите

„Спорт за општествен напредок“ ги доближува олимписките вредности до младите

Скопје, 29 март 2023 (МИА) – Преку спортско-рекреативни активности до презентација и доближување на олимписките вредности до младите лица, е мотото на денешниот настан што се одржа во Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, како дел од проектот „Спорт за општествен напредок“ што се имплементира од здружението „Спорт Соушал Солушнс“, а е поддржан од Француски Институт во Скопје, амбасадата на Франција во Северна Македонија и Македонскиот Олимписки Комитет.

Како што информираат од здружението, практичниот дел од настанот бил спроведен од страна на олимпијките Наташа Мешковска и Пулексенија Јованоска, кои со најмладите го споделиле своето искуство од настапот на Олимписките Игри и ја потенцирале важноста на олимписките вредности кои се составен дел од сечија спортска кариера.

- Во рамки на настанот се одржаа три работилници во различни општини во град Скопје на кои проминентни олимпијци го споделуваат своето искуство и експертиза како позитивни примери за идните генерации, велат од „Спорт Соушал Солушнс“.

Дополнуваат дека во следниот период ќе се реализираат дополнителни настани кои ќе бидат поврзани со претстојните Олимписки Игри во Париз 2024 година, со цел, како што велат, „да се доближи вредноста на Олимписките Игри и олимпиското движење до младите лица со цел нивна поголема вклученост во спортски активности“.

Тагови

Остани поврзан