• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Спортско игралиште со вештачка трева доби ОУ „Никола Карев“ од Кочани со поддршка од Министерството за спорт

Спортско игралиште со вештачка трева доби ОУ „Никола Карев“ од Кочани со поддршка од Министерството за спорт

Кочани, 26 февруари 2025 (МИА) – Со одигрување промотивен фудбалски натпревар меѓу учениците, денеска во ОУ „Никола Карев“ од Кочани беше предадено во употреба ново спортско игралиште со вештачка трева, како инвестиција на Министерството за спорт.

Теренот обезбедува соодветни услови за мал фудбал, а со постојното осветлување натпреварите ќе можат да се играат и во вечерните термини. На свеченоста по повод предавањето во употреба присуствуваше и министерот за спорт Борко Ристовски, кој ја нагласи важноста од созадавање услови за спортување на најмладите.

-Наша цел како министерство не е само да се грижиме за врвниот спорт, туку за нас претставува успех кога ќе видиме дека ваквите спортски игралишта се полни, кога има масовност. Така се грижиме за иднината, а секоја наша инвестиција има економска оправданост со тоа што е можно повеќе млади и деца спортуваат на терените. Сакаме да им дадеме шанса да се занимаваат со спорт и рекреативно и професионално, за што најпрво треба да создадеме услови за да се развива спортот, а училиштата се вистинска основа за тоа, истакна министерот Борко Ристовски.

Од ОУ „Никола Карев“ упатија благодарност за поддршката од ресорното министерство, при што беше нагласено дека од ова училиште веќе произлегле познати фудбалски имиња кои веќе се репрезентативци, како Манев, Максимов и други, а обезбедувањето современа спортска инфраструктура ќе овозможи да се појават и нови спортисти. та/мд/

фото: МИА

Остани поврзан