• сабота, 27 јули 2024

Спортски риболовен натпревар следниот викенд на Осломејско езеро

Спортски риболовен натпревар следниот викенд на Осломејско езеро
Кичево, 18 септември 2021 (МИА) - Во организација на локалниот риболовен клуб„ Хантер фиш“ од Кичево, следниот викенд на Осломејско езеро ќе се одржи крапски риболовен натпревар за кој интересот е исклучително голем и во првата недела се пријавени 15 екипи, а до почетокот на овој натпревар се очекува да биде пополнет бројот од 18 екипи, колку што можат во еден момент да се натпреваруваат на Осломејско езеро. -Претстојниот викенд на Осломејско езеро ќе се одржи спортски риболовен натпревар„Крапска дружба“, на кој ќе се лови на мамец боила и за кој досега се пријавени 15 екипи од речиси сите градови во земјава. Максималниот капацитет на екипи кои ќе можат во ист момент да ловат на Осломејско езеро изнесува 18 и со толку боксови располага Осломејското езеро, рече Мире Ночески, портпарол на риболовното друштво„ Хантер фиш“ од Кичево. Тој ги наведе деталите околу бројот и големината на боксовите и периодот во кое ќе се одвива  овој натпревар. -Претстојниот риболовен натпревар ќе започне во четврток во 10 часот и непрекинато ќе се одвива до недела 14 часот или полни 76 часа. Бројот на натпреварувачи во една екипа може да изнесува максимално три члена и секоја екипа ќе може да користи најмногу 6 трски. Боксовите и патот до езерото се тампонирани, а секој бокс е со димензии 10 на 10 метри, додека меѓусебното растојание помеѓу два бокса изнесува 50 метри.Очекуваме како и на претходните два натпревари годинава да имаме неизвесен и интересен крапски натпревар, додаде портпаролот Ночески. за/аа/

Остани поврзан