• вторник, 01 октомври 2024

Спортски настан – OCR Кучково 2024

Спортски настан – OCR Кучково 2024

Скопје, 1 октомври 2024

Општина Ѓорче Петров со задоволство објавува дека на 27 октомври ќе се одржи највозбудливиот спортски настан во Македонија – OCR Кучково 2024.

OCR (Obstacle Course Racing) е натпреварувачки спорт во кој учесниците се соочуваат со различни физички пречки и предизвици, тестирајќи ги своите граници и издржливост.

Општината ја поддржува организацијата на овој настан со цел да се поттикне учеството на граѓаните и да се создаде уникатна спортска атмосфера. Сите заинтересирани можат да се приклучат како волонтери и да помогнат во организацијата, поддржувајќи ги натпреварувачите во нивните предизвици.

Пријавувањето за волонтери е отворено на следниот линк: http://bit.ly/47uBzSG

 

Општина Ѓорче Петров 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан