• недела, 28 јули 2024

Спортски комплекс во Македонска Каменица цел на вандали

Спортски комплекс во Македонска Каменица цел на вандали
Македонска Каменица, 27 септември 2022 (МИА) - Спортскиот комплекс во близина на Градскиот стадион во Македонска Каменица, кој се уште е во фаза на изградба, е цел на вандалски дејствија. Во последниот регистриран случај, несовесно лице е забележано како вози моторно возило по атлетската патека која се гради во близина на комплексот, со што е причинета материјална штета, информираа од Општината. -Вандализмот мора да прекине. Спортскиот комплекс се уште е во фаза на доизградба, а веќе во неколку наврати сме сведоци на вандалско однесување. Атлетската патека која е направена за рекреативци и како проект кој се уште не е комплетно завршен, односно не е уреден околниот простор, станува мета на мала група вандали од нашиот град што е недозволиво, истакнаа од Општината. За случајот реагираше и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. -Направената штета ќе ја санираме, но упатуваме апел дека вакво однесување во иднина нема да биде толерирано и ќе биде строго санкционирано, додаде Атанасовски. Со цел ваквите постапки да бидат сведени на минимум, апелираше ваквите сличаи редовно да бидат пријавувани од граѓаните до надлежните институции. вс/мд/

Остани поврзан