• среда, 27 ноември 2024

Спортскиот директор на Рома, Морган де Сантис опериран по сообраќајна несреќа

Спортскиот директор на Рома, Морган де Сантис опериран по сообраќајна несреќа
Рим, 6 јануари 2021 (МИА) - Поранешниот италијански репрезенттаивен голман и актуелен спортски директор на калчолигашот Рома, Морган де Сантис, е пренесен синоќа во болница во Рим, со повреди во тешка сообраќајна несреќа, јавија италијанските медиуми. „Фудбал Италија“ (Football Italia), повикувајќи се на болнички извори, објави денеска дека Сантис е опериран и оти лекарите дијагностицирале фрактура на ребрата и повреди во пределот на главата. Сантис во кариерата шестпати го бранеше голот на италијанската репрезентација, а на клупски план беше член на Рома, Наполи, Удинезе, Јувентус и Монако. ег/ми/

Остани поврзан