• вторник, 12 ноември 2024

Спортико: Роналдо е најплатениот спортист во светот во 2023 година

Спортико: Роналдо е најплатениот спортист во светот во 2023 година

Лос Анџелес, 9 февруари 2024 (МИА) - Кристијано Роналдо стана најплатениот спортист во 2023 година, објави списанието „Sportico“.

Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец го зазеде првото место, со заработка од 275 милиони долари (215 милиони од фудбалот и 60 милиони долари од спонзорски договори).

Топ 10 рангирањето изгледа вака:

1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 275 милиони (215+60)

2. Џон Рам (голф) – 203 милиони (181+22)

3. Лионел Меси (фудбал) – 130 милиони (65+65)

4. Леброн Џејмс (кошарка) – 125,7 милиони (45,7+80)

5. Килијан Мбапе (фудбал) – 125 милиони (100+25)

6. Нејмар (фудбал) – 121 милиони (86+35)

7. Стеф Кари (кошарка) – 98,9 милиони (48,9+50)

8. Јанис Адетокунбо (кошарка) – 88,4 милиони (43,4+45)

9. Кевин Дурант (кошарка) – 86,9 милиони (44,9+42)

10. Патрик Махомес (американски фудбал) – 84,3 милиони (59,3+25).

Најголем дел од топ 100 се кошаркари (40), потоа фудбалери (16) и безбол играчи (13). Во него има и играчи од американски фудбалери (11), голфери (10), боксери (6), возачи на тркачки автомобили и тенисери (по 2). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан