• среда, 18 декември 2024

Според Мицкоски холандскиот амбасадор го потврдил она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува години наназад

Според Мицкоски холандскиот амбасадор го потврдил она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува години наназад

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја средбата  меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети, рече дека холандскиот амбасадор го кажал она што ВМРО-ДПМНЕ подолго време го зборува за судството.

- Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз судии, се избираат партиски судии и во Судски совет, обвинители се бираат. Сега повторно имаме таков оглас каде набрзина се прават притисоци да се изберат нови судии и обвинители пред одење за да можат на тој начин овие криминалци во Владата да бидат заштитени или барем така мислат дека, ако си постават свои судии и обвинители набрзина дека сето она кое идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне тие практично ќе го опструираат во процесот на истраги, судски предмети или пак пресуди во конечен случај, изјави Мицкоски.

Според него, ова е само потврда за сето она што се случува во изминатите години. 

Холандската амбасада вчера информираше за средбата меѓу холандскиот амбасадор и лидерот на ДУИ Али Ахмети на која, како што стои во објавата од Амбасадата, амбасадорот ја пренел пораката дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“, како и дека „неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд“.

На вечерашниот состанок на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој предвидено е да се одлучува за техничката влада, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува да се до

Од ДУИ пак информираа дека владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители биле дел од разговорот меѓу Ахмети и амбасадорот Дирк Јан Коп.

-  Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека  во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок, се вели во соопштението од ДУИ.

И шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање за средбата рече дека веројатно ДУИ е една од оние кои најмногу зборуваат за борбата против корупцијата и дека затоа се бара поддршка од неа. бак/ац/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Остани поврзан