• сабота, 28 декември 2024

Според еколозите само дожд може да помогне во гаснење на шумските пожари во Русија

Според еколозите само дожд може да помогне во гаснење на шумските пожари во Русија
Москва, 20 јули 2021 (МИА) - Големите шумски пожарти во источниот дел на Русија, што денеска зафатија 680.000 хектари, нема брзо да бидат изгаснати, предупредувааѕ руските еколози и оценуваат дека само дожд може да помогне. - Сега горат големи делови од Јакутија, изјави шефот на рускиот оогранок на Гринпис (Greenpeace) за шумски пожари, Григориј Куксин Ситуацијата најверојатно нема да се подобри пред средината на август, посебно во погодениот регион Јакутија, официјално Република Саха. Во моментов се активни 205 шумски пожари, а за нивно гаснење се ангажирани оиколу 2.100 пожарникари, кои се обидуваат да спречат огнот да се прошири на локалните населби. Гринпис наведе дека состојбата во Русија е полоша отколку што признаваат властите. Сателитските снимки покажуваат дека пожарите зафатиле површина од три милиони хектари. Додека воздушната служба за заштита на шумите соопшти дека огнот зафатил површина од два милиона хектари. - Во Јакутија концентрацијата на опасни честички во воздухот е над дозволените граници, посочи Куксин. Голем број од шумските пожари се предизвикани од небрежност односно од фрлени догорчиња. ми/

Остани поврзан