• сабота, 23 ноември 2024

Според ДИК во Дебар најмногу гласови освои Хекуран Дука, кандидат на ДУИ

Според ДИК во Дебар најмногу гласови освои Хекуран Дука, кандидат на ДУИ

Дебар, 15  ноември 2021 (МИА) – Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг во Дебар, најмногу гласови добил Хекуран Дука од ДУИ, поддржан од СДСМ и коалцијата. 

Од запишаните 19.211 лица со право на глас, на 27 гласачки места ова право го оствариле околу 45 отсто. 

За Дука гласале 4284 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4148 или 48,11 отсто. 

                                       

Дука, неговите сопартијци и членови на СДСМ, кои победа прогласија на нецели два часа по затворањето на гласачките места вечерва славеа во центарот на градот, на плоштадот „Скендербег“, со огномет, зурли и тапани, а за првпат можеа да се видат македонското и албанското знаме како дебрани ги вијорат заедно. 

Во меѓувреме од спротивниот табор најавија приговори. Кандидатот за градоначалник Поцеста, во изјава за медумите обвини дека „ДУИ денеска ги вклучила владините структури во изборниот процес за градоначалник на Дебар“. Додава дека, како може да обезбедат толку гласови, по неговите „ две чисти победи, во првиот круг и прегласувањето во едно гласачко место“ и посочува дека ќе ги анализираат записниците од избирачките места, по што ќе излезат со официјално соопштение. вт/бк/

Остани поврзан