• четврток, 26 декември 2024

СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

Скопје, 28 април 2024

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља.
Предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа,  ги поразија со пенкало и со силна воља за промени.
Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат.
Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за Коалицијата „Твоја Македонија“ која единствоено  има сила и моќ за промени и за просперитет и развој на државата.

 

Социјалистичка партија на Македонија 

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан