• вторник, 24 декември 2024

СПМ: Предложените теми сметаме дека се со големо задоцнување и веќе се депласирани

СПМ: Предложените теми сметаме дека се со големо задоцнување и веќе се депласирани

Скопје, 27 мај 2023

Социјалистичката партија на Македонија со внимание ги следи изјавите на премиерот Ковачевски.

Така и за неговиот најнов став за потребата од средба со опозицијата, за кој се надеваме дека во планираните 10 дена навистина и ќе опстои и ќе го испочитува сопствениот збор. Оттаму во Социјалистичката партија на Македонија е и крајната недоверба  кон г-динот Ковачевски.

Предложените теми сметаме дека се со големо задоцнување и веќе се депласирани.

Невешто дефинираната форма на ткн.одлуки за интеграција на Македонија во ЕУ го претставува менувањето на Уставот, за што го искажуваме незадоволството од неискреноста на Ковачевски со која инфантилно ја затскрива основната цел. Дотолку повеќе што тој, во оваа за него безнадежна состојба, повторно дрско се обидува да дели лекции кон политичките партии за нивната свест за процесот на интеграција во ЕУ, што само го соголува неговото лицемерие.

Патем, токму Ковачевски е најголемиот проблем на интегративните процеси, затоа што токму тој со непримерено неодговорниот однос и дилетантизмот во разговорите и преговорите за преговарачката рамка Македонија ја стави во подредена позиција.

За усогласувањето на ставовите во врска со односите со сите соседи на државава ќе го потсетиме Ковачевски на Платформата за заштита на националните и државни интереси од февруари 2017 година, документ кој Социјалистичката партија на Македонија го достави и до СДС, но на кој не доби никаков одговор.

Социјалистичката партија на Македонија беше свесна во погубната политика и на тогашното и на актуелното раководство на СДС и штетата која што се во состојба да и ја направат на Македонија и на македонскиот народ.

Чудно е што Ковачевски се сетил на усогласување на ставовите кога Собранието акламативно за тоа има донесено Резолуција која тој не ја почитува. Зошто би почитувал нешто што е усгласено кога не почитува нешто што е изгласано.

Конечно, реториката на Ковачевски е крајно приземна со користењето квалификации за нечија определба и лепењето етикети за нечие и некакво заложништво.

Социјалистичката партија на Македонија му порачува дека на искрените политички партии единствената определба им се Република Македонија и македонскиот народ, ништо повеќе и ништо помалку. 

За него и неговата партија неможе да се каже затоа што работат на штета на државата и на мекедонскиот народ.

Затоа, Социјалистичката партија на Македонија на Ковачевски му препорачува во најкраток рок во Собрание да ги предложи уставните измени, и по нивното неизгласување да си поднесе неотоповиклива оставка.

Македонија е уморна од политиките на СДС, од криминалот, корупцијата, лагите, измамите и навредите па затоа, доколку Ковачевски е искрен, совесен, свесен и внимава на своето достоинство најдобро е да се подготви за изборно соочување со македонскиот народ.


ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан