• среда, 25 декември 2024

СПМ: Народот преку изборната победа мора да си ја освои слободата

СПМ: Народот преку изборната победа мора да си ја освои слободата

Скопје, 13 јануари 2024

Социјалистичката партија на Македонија следејќи ги промотивните кампањи на власта укажува на безмилосното и залудно трошење народни пари за предизборна промоција на СДС и ДУИ.

Под изговор за некакво запознање на јавноста од наводните придобивки од ЕУ членстовото власта без срам и на смешно инфантилен начин се фали што непостигнала и колку народот е задоволен од тоа.

Повторно, по којзнае кој пат, потценувајќи го и навредувајќи истиот народ од кого ќе бара поддршка и доверба.

Во скапо платената пропаганда на СДС и ДУИ и во нивните потемкинови села не се зборува за сиромаштијата, инфлацијата или за корупцијата на криминалната банда на власт која поразите и предавствата ги прикажува како успех.

Единствено точно во слоганот на ненародната власт е дека крајот и е „поблиску од кога било“, додека европската иднина е сè подалеку или е непостоечка. Затоа што кој воопшто би сакал да разговара со потврден криминалец и искорумпиран политичар.

Се ближат избори и Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа арогантна, бесчувствителна, одродена и однародена, но пред сè антимакедонска власт мора да си оди.

Народот преку изборната победа мора повторно да си ја освои слободата, да си ја врати државата и да ја воспостави демократијата преку своите легитимни народни избраници и својата легална македонска влада.

СПМ

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан