• среда, 25 декември 2024

СПМ како непримерни ги оценува иницијативата и барањето за формирање паралелни научни институции во државата

СПМ како непримерни ги оценува иницијативата и барањето за формирање паралелни научни институции во државата

Скопје, 3 август 2024

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува како непримерни иницијативата и барањето од ненадлежнио академско здружение и од политичари врз национални основа за формирање паралелни научни институции во државата. Тоа не треба да биде предмет на разговори, а уште помалку на преговори и процедури.

Неформални изјави на некомпетенти лица насочени кон создавање на сомнеж и етно-национални поделби кои се против уставни, не се само  идеи, туку смислени начини за предизвикување негативни реакции кои подоцна се основ за веќе видени странски мешања.

Барањето за формирање на паралена институција на МАНУ што ќе биде противзаконски финансирана од општини, а потоа од државата и да носи назив на друга држава е неверојатна дрскост и бесчувствителност кон Македонската нација.

Упорното инсистирање од полотички партии и покрај острите реакции и критики, е со скриени потценувачки намери за создавање на тензии и кавги кон немаат врска со науката и уметностите туку само со паналбанските интереси, а против македонскиот народ и сите етнички заедници.

МАНУ е единствена врвна научна и уметничка установа на Македонија со мисија и визија за напредок на општеството базиран врз науката и знаењето и како таква заслужува целосна поддршка од Македонската држава.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека идеите и намерите за создавање паралена институција на МАНУ треба да се осудат и да се зајакне борбата за обликување на политичкиот систем базиран на демократски принципи и стандарди на едииственоста на МАНУ како што е тоа во сите држави во светот.

Социјалистичка партија на Македонија (СПМ)

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан