• недела, 24 ноември 2024

СПМ: Инфантилна е тезата дека само со СДСМ и ДУИ државата ќе се европеизира

СПМ: Инфантилна е тезата дека само со СДСМ и ДУИ државата ќе се европеизира

Скопје, 16 март 2024

Социјалистичката партија на Македонија укажува на инфантилната теза дека само со СДС и ДУИ државата ќе се европеизира  како на уште една лага од многуте што ги искажуваат со години.

СДС и ДУИ лажно ја обвинуваат опозицијата дека е против европската иднина и дека со неа државата ќе се изолира.

Социјалистичката партија на Македонија повторува дека единствени кочничари на еворпскиот пат на Македонија се токму СДС и ДУИ. Тие потврдија дека со криминалот и корупцијата работат против својата држава и народ и ги водат во изолација. 

Бараат мандат од граѓаните за да ги осиромашат и ограбуваат до бескрај. Лагите на СДС и ДУИ за повисоки плати и пензии се провидни и народот не им верува.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствен спас од ваквите лаги и пропаганди на ДУИ и СДС е масовното излегување на граѓаните и да гласаат за Коалицијата "Обнова на Македонија" која е вистинската сила за спас и просперитет на македонската држава.

Само со Коалицијата е можна одбрана на македонската држава, јазик, култура и идентитет, а СДС и ДУИ мора да бидат позразени за да се спречат нивните злосторнички намери кон Македонците.

Социјалистичка партија на Македонија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан