• среда, 18 декември 2024

СПМ: Извештајот на ЕК со сериозни критики и негативни оценки за непостоење напредок во судството и во борбата против корупцијата

СПМ: Извештајот на ЕК со сериозни критики и негативни оценки за непостоење напредок во судството и во борбата против корупцијата

Скопје, 9 ноември 2023

Социјалистичката партија на Македонија смета дека наодите од Извештајот на Европската комисија само ја потврдуваат суровата реалност за неспособноста на власта што ја назадува државата и не е во состојба да постигне напредок во клучните области. 

ЕК, како никогаш до сега, упатува сериозни критики и негативни оценки за непостоење напредок во судството и во борбата против корупцијата и криминалот, јавната администрација, јавните набавки, кои, заедно со злоупотребата на европското знаменце, се карактеристики на владеењето на досега најнеспособната македонска власт.

Овој и оваков Извештај е најголемиот срам за Македонија и нејзините граѓани, подеднакво на срамот од нелегитимната влада.

Помпезноста и лажните изјави на Владата на СДС и ДУИ за посветеноста кон европската ориентација се меури од сапуница кои пукаат пред суровата слика на ЕК за очигледната стагнација, корупција, за криминалите, неправдите и назадувањето на државата. 
Сето тоа се крие во нетранспаретното однесување на власта и со склучување на тајни коруптивни и милионски договори за богатење на поединци од врвот на ДУИ и СДС, а на штета на граѓаните.
Клучната основа воопшто за постоењето на оваа влада, евроинтегративната политика доживува целосен фијаско со неодговорното работење на недораснатите Ковачевски, Маричиќ и Османи.

Во немоќ, тие ликови и целата власт се обидуваат повторно на криминален начин и лажно да ја обвинат опозицијата за евидентниот неуспех во преговорите и разобличувањето на СДС и ДУИ за отсуството на реформи и владеење на правото.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека анационалната најнеспособна власт на Ковачевски нема чувство за државата и за граѓаните и ја подредува државата под туѓи интереси. Лажно ветува се и сешто, а ништо не исполнува што се потврдува со најлошиот Извештајот на ЕК до сега, во кој се изразува сериозна загриженост за состојбите.
Залажувајќи ја јавноста со создавање претстава за некаков интегративен напредок оваа одродена власт во името на народот има превземено обврски за кои нема мандат, ниту поддршка, согласност и можност да ги исполни, за што мора да понесе одговорност.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека после најкатастрофалниот Извештај на ЕК Владата и Ковачевски мора да поднесат неотповиклива и безусловна оставка. 

Извештајот е само уште една потврда дека е повеќе од потребно што поскоро заминување на СДС и ДУИ со што ќе се овозможи државата да го започне напредокот во евроинтеграцискиот процес и да ги измени и унапреди состојбите во Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан