• среда, 25 декември 2024

СПМ: Изборот на влада е прашање значајно за секој граѓанин

СПМ: Изборот на влада е прашање значајно за секој граѓанин

Скопје, 13 февруари 2023

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборот на влада е прашање кое е значајно за секој граѓанин. Секоја измена или реконструкција го поставува прашањето: Што ќе се подобри со промените во власта, колку граѓаните ќе живеат подобро и дали власта ќе испорача подобри резултати за време на својот мандат.

Актуелната влaст потврди дека нема резултати и нема сили ниту капацитет за промени кои ќе му го подобрат животот на граѓанинот во Македонија. Промените кои се нарекуваат реконструкција се пазарење на лица кои се на власт без избори и со желба да се одржат што подолго. Власт што не е избрана од граѓаните нема легитимитет и е недемократска и ненародна.

Демократијата е заробена од актуелната власт и таа со криминал и со привилегии има за цел да се богати и да краде од народните пари.

Предлагачот на владината реконструкција, октроираниот премиер Ковачевски, не бил на избори и затоа не ги чувствува народните потреби. Тој нема капацитет ниту пак може да се справи со проблемите кои се создаваат, не ги почитува ниту етичките норми и стандарди, ниту програмските определби.

Без програмските определби на власта, како и на партнерите кои ја сочинуваат, нејасна е сликата зошто се овие промени.

Со тоа се губи смислата и реконструкцијата е бесцелна.

Целта на Алијансата на Албанците е да добие од народните пари и од моќта на власта за вдомување на нестручни и некомпетентни партиски кадри. Заканите за дестабилизација од Таравари се небулоза и зошто би се дебатирало со некој што бара радикализација и реорганизација на Македонија.

Ковачевски со предложената реконструкција на власта наместо стабилност создава нестабилност. Наместо ефикасност на институциите создава принцип на племенско управување со нив и застој во развојните процеси. Тој инсистира на уставни измени кои се штетни за Македонија и на долг рок ги руши АСНОМ-ските темели на државност. Таквата власт нема државотворен капацитет, е без легитимитет и треба веднаш да биде сменета.

СПМ повторува дека се неопходни итни и неодложнии избори на кои народот ќе си ја земе власта и ќе избере легитимни претставници кои ќе се грижат за македонскиот народ и држава и ќе го озбезбедат незиниот напредок во иднина.

Само со рационални решенија и со домаќинско работење со постојана отчетност: како и каде се трошат народните пари се стекнува доверба кај граѓаните кои се помалку и веруваат на оваа ненародна и октроирана власт.

Информативна служба на СПМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан