• недела, 24 ноември 2024

СПМ бара безусловно одржување на вонредни парламентарни избори

СПМ бара безусловно одржување на вонредни парламентарни избори

Скопје, 18 август 2023

Социјалистичката партија на Македонија деншниот исход од гласањето за усвојување на дневниот ред на 123-та пленарна седница на Собранието на Република Македонија  го оценува како потврда на неуспешниот уставен инженеринг на власта.

Покрај лицемерната понуда за градење консензус и обединување, очигледен е внатрешниот отпор и во редовите на пратениците во СДС за уставните измени.
Ова претставува дебакл за премиерот Ковачевски, неговиот тим кој учествуваше во преговорите за преговарачката рамка  и целосен пораз на Владата на СДС и ДУИ во надворешната политика. Главниот кочничар на евроитегративниот процес е токму Владата со неуспешните политики во сите области и со енормната корупција вкоренета во самиот државен врв.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на драматично неодрживата политичка криза во која се наоѓа државата, а од денес и на уставната криза.
Владата повеќе нема легитимитет за натамошно работење, таа денес на најдемократски начин е детронизирана затоа што, покрај кај опозицијата и огромниот број граѓани, ја нема поддршката ниту кај своите пратеници.

Во ситуација на сложени внатрешно политички услови и очигледен застој на евроинтегративниот процес Социјалистичката партија на Македонија упатува на потребата од безусливно одржување на вонредни парламентарни избори. Изборите се едиствениот демократски начин на кој граѓаните непосредно ќе одлучат за иднината на Република Македонија.

Социјалистичка партија на Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан