• среда, 25 декември 2024

Сплит воведува нови казни за туристите - 300 евра за спиење во парк

Сплит воведува нови казни за туристите - 300 евра за спиење во парк

Сплит, 19 мај 2023 (МИА) - Градскиот совет на Сплит донесе одлука за јавен ред и мир на подрачјето на Сплит, според која за време на туристичката сезона несоодветното однесување на јавни места ќе се казнува.

Согласно таа одлука, со 300 евра ќе се казни конзумирање алкохол на јавна површина, вршење нужда на јавна површина, спиење во паркови, тревници, плоштади и други јавни површини; консумација на храна или пијалоци на површината за јавна употреба и престој во угостителски објекти по завршување на работното време, пренесува порталот Индекс.

Прифатен е и амандман за парична казна од 300 евра за качување и седење на споменици и спомен-плочи, влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси услуга што не била однапред договорена.

Повраќање на јавни површини, како и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот, ќе се казнуваат со парична казна од 150 евра, за да се спречи бучава. ссм/

Остани поврзан