• четврток, 26 декември 2024

Спилберг: „Фабелманови“ е приказна за моите семејни тајни

Спилберг: „Фабелманови“ е приказна за моите семејни тајни

Лос Анџелес, 11 ноември 2022 (МИА) - Режисерот Стивен Спилберг (75) проговори за семејната тајна што никогаш не сакал да ја открие, и се присети на врската со неговата мајка, која ја загуби пред неколку години.

„Фабелманови“ (Fabelmans) е полуавтобиографска приказна за детството и младоста на режисерот, олицетворена во Семи Фабелман (Гејбриел Лабел). Во другите улоги се појавуваат Мишел Вилијамс, Пол Дејно, Сет Роген, Џад Хирш и други. - Барав одлични актери, но ми требаа такви кои веќе изгледаа слични на мене и на моите родители во другите филмови. Требаше да почувствувам дека нешто на неа (Вилијам, з.п.) ме потсетува на мајка ми, а нешто за него (Дејно) - на татко ми... Така дојдов до двајца од најдобрите глумци со кои сум работел, рече Спилберг. Режисерот работеше на сценариото со драматургот Тони Кушнер - добитник на Пулицерова награда, кој заработи номинации за Оскар за претходните филмови на Спилберг - „Линколн“ и „Минхен“ и кој му помогнал да се справи со непријатните семејни тајни од минатото... Филмот ќе се прикажува од 23 ноември.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=D1G2iLSzOe8

Остани поврзан