• петок, 08 ноември 2024

Спикерот Џонсон поддржа двопартиски договор за предлог закон за американскиот буџет

Спикерот Џонсон поддржа двопартиски договор за предлог закон за американскиот буџет

Вашингтон, 12 јануари 2024 (МИА) - Спикерот на Претставничкиот дом на САД, републиканецот Мајк Џонсон, изјави денеска дека поддржува договор со лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, околу основните точки од буџетот со вкупна сума од 1.59 трилиони долари.

Се работи за договор за привремено финансирање на главните владини агенции за да се избегне блокада бидејќи парите секнуваат при крајот на идната недела.

Против оваа зделка се некои ултрарадикални републиканци од Претставничкиот дом.

-Нашиот главен договор останува во сила. Спремни сме на следните чекори и работиме на тоа да се обезбеди сигурен процес на распределба на средствата, така што следите ги вестите, изјави Џонсон алудирајќи на договорот постигнат во неделата.

Шумер вчера го презеде првиот процедурален чекор за идната недела во вторник да поднесе во Сенатот нацрт закон за привремено финансирање, уште наречен и „продолжителна резолуција“. Оваа резолуција им дава на законодавците повеќе време да се усвои предлог за финансирање на федералната влада за цела година. кб/

Остани поврзан