• недела, 24 ноември 2024

Спиењето на грб е најкорисно за телото

Спиењето на грб е најкорисно за телото
Лос Анџелес, 4 ноември 2021 (МИА) - Некои луѓе спијат на страна, некои склопчени или „распослани“ на креветот, а некои на стомак... Иако спиењето на грб некому можеби му изгледа неприродно, се покажа дека овој начин може да биде едноставно решение за многу тешкотии околу спиењето и здравјето. Како што пишува „Хелт лајн“ спиењето на грб може да ви користи за: правилно и рамно држење на 'рбетот, намалување на силната главоболка, намалување на притисокот врз градниот кош, ублажување на затнувањето на синусите, како и спречување на брчки и иритација на лицето. Кога станува збор за новороденчињата, Американската академија за педијатрија препорачува бебињата да спијат на грб за да се намали опасноста од „синдром на ненадејна смрт на доенчиња“ (СИДС). Неодамнешно истражување покажа и дека спиењето на грб и на страна се поврзани со помалку болки во грбот отколку спиењето на стомак, кога станува збор за возрасни луѓе. Иако спиењето на грб ги нуди сите овие придобивки, тоа сепак, не е „најпопуларната поза“. Според испитувањата, повеќето млади луѓе претпочитаат и се навикнуваат да спијат на страна. Интересно е и тоа дека кај децата односот „грб - страна - стомак“ е речиси еднаков, но повеќе од 60 отсто од возрасните Европејци, на пр., спијат на страна.  си/сд/

Остани поврзан