• четврток, 26 декември 2024

Спејс-Икс доби нови 1,9 милијарди долари

Спејс-Икс доби нови 1,9 милијарди долари
Лос Анџелес, 19 август 2020 (МИА) - Компанијата Спејс-Икс, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори. Според повеќе медиуми, ова е најголемата поединечна рунда прибрани финансиски средства за Спејс-Икс досега. Така, вредноста на капиталот на оваа приватна компанија што се бави со производство на ракети и вселенски летови, по оваа трансакција ќе изнесува 46 милијарди долари. По успешното лансирање и спојувањето на модулот Кру драгон со Меѓународната вселенска станица (МВС), Маск најави дека следниов период најголемиот приоритет на неговата компанија ќе биде изградба и развој на големи превозни средства за пат до Месечината и Марс. си/сд/

Остани поврзан