• недела, 01 септември 2024

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Северна Македонија. Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата. Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.са/вг/  

Остани поврзан