• среда, 27 ноември 2024

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Во Министерството за одбрана (МО) е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.

Комисијата, како што велат од МО, е формирана по пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово на 12 септември годинава по консумирање храна во објектите.

-Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, Министерството ќе преземе мерки за раскинување на договорот, посочуваат од МО. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан