• недела, 06 октомври 2024

СПД: Имаме мандат да формираме влада

СПД: Имаме мандат да формираме влада
Берлин, 26 септември 2021 (МИА) - Генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбејл вечерва по затворањето на избирачките места на парламентарните избори изјави дека оваа партија има мандат да формира коалициска влада. - СПД има мандат да формира влада. Сакаме Олаф Шолц да биде канцелар, истакна Клингбејл по објавувањето на првите излезни анкети. Тој додаде дека анкетите им даваат предност на социјалдемократите. Според прогнозата на телевизијата АРД врз основа на излезната анкета, СПД и ЦДУ/ЦСУ освоиле по 25 проценти од гласовите. Прогнозата на телевизијата ЗДФ укажува дека СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите. СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан