• недела, 24 ноември 2024

Спајиќ: Историски резултат за Европа - ДПС и движењето УРА нема да бидат во владата

Спајиќ: Историски резултат за Европа - ДПС и движењето УРА нема да бидат во владата

 

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - Лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС) и носител на листата на црногорските вонредни парламентарните избори, Милојко Спајиќ, вечерва меѓу првите се обрати до јавноста по објавувањето на прелиминарните резултати, што покажуваат дека неговата ПЕС постигна најдобар индивидуален резултат од сите 15 учесници на изборите, освојувајќи 26 проценти од гласовите.

-Ова сега е голема победа за Европа. Од статус на вонпарламентарна партија за една година станавме најголемата партија во Црна Гора и покрај сите притисоци. Постигнавме добар резултат и очекуваме што поскоро да се формира влада. Ќе разговараме со сите кои ги делат нашите вредности, рече Спајиќ.

На прашањето со кого нема да преговара, Спајиќ порача дека тоа е најавено уште од претходно, а се однесува на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење (УРА).

Да потсетиме, од 100 отсто преброени гласови од Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), најдобар резултат на вонредните парламентарни избори во Црна Гора освои Движењето Европа сега (ПЕС) предводено од Милојко Спајиќ - 26 отсто од гласовите.
По неа следи листата „Заедно“, чиј столб е Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Данијел Живковиќ со 23 отсто од гласовите. На трето место е коалицијата „За иднината на Црна Гора“ - Демократски фронт (ДФ) со 15,1 отсто, а на четврто е листата „Алекса и Дритан - Храбро се брои“, која ја сочинуваат Граѓанското движење УРА Дритан Абазовиќ и Демократите Алексе Бечиќ со 13 отсто гласови. сд/

фото:архива

 

Остани поврзан