• среда, 25 декември 2024

Спајиќ: Грногорската влада ги ограничи маржите на над 500 производи

Спајиќ: Грногорската влада ги ограничи маржите на над 500 производи

Подгорица, 21 март 2024 (МИА) - Црногорската влада на денешната седница донесе одлука за ограничување на маржите на повеќе од 500 производи, соопшти премиерот Милојко Спајиќ. 

-Тоа значи дека не само што не се запира растот на цените на тие производи, туку се намалуваат цените на одредени производи. До денеска велевме дека ќе го запреме поскапувањето, а сега зборуваме за намалување на цените. Ја поздравувам и економијата што прифати ваква мерка, рече Спајиќ на прес-конференцијата по седницата на Владата. 

Спајиќ најави дека ова е начин да се запре инфлацијата. 

Европа сега 2, како што наведе, ќе биде следниот чекор за покревање на животниот стандард во Црна Гора. 

-Се надеваме дека тогаш нема да имаме увозна инфлација и се надеваме дека ќе влеземе во период кога нето-стандардот на граѓаните дополнително ќе се зголемува, посочи Спајиќ.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан