• петок, 27 декември 2024

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Хиос откако потона чамец со бегалци и мигранти

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Хиос откако потона чамец со бегалци и мигранти
Атина, 26 октомври 2021 (МИА) – Во тек е голема спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, југоисточно од островот Хиос, откако потона чамец со бегалци и мигранти, во кој според првичните информации на медиумите во Грција, се превезувале 27 лица, а спасени се 20, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми во спасувачката акција учествуваат три бродови, два на крајбрежната служба и еден на НАТО, хеликоптер супер пума, хеликоптер на грчката армија, три рибарски чамци и три бродови што се наоѓаат во близина. ср/сд/

Остани поврзан