• четврток, 19 декември 2024

Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП како поддршка на реформите за професионализација на полицијата

Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП како поддршка на реформите за професионализација на полицијата
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа средба со новиот програмски менаџер на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје, Карл Рејшам. Посакувајќи му добродојде и успешна работа на новата позиција, министерот Спасовски се осврнал на соработката со ИЦИТАП Програмата, која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку Проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Спасовски се заблагодарил на богатата, искрена и пријателска соработка, нагласувајќи дека МВР е насочено кон трајна соработка со ИЦИТАП Програмата. Програмскиот менаџер на ИЦИТАП Програмата, Карл Рејшам, како што стои во соопштението од МВР, изразувајќи благодарност за остварената средба и конструктивниот разговор, истакнал дека за време на неговиот мандат на оваа позиција ќе се заложи за продолжување, продлабочување и интензивирање на соработката во рамки на Програмата со Министерството за внатрешни работи. цр/са/

Остани поврзан