• недела, 24 ноември 2024

Спасовски ќе учествува на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес

Спасовски ќе учествува на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе престојува во Прага, Чешка Република, каде што ќе учествува на Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес.
Како што соопшти МВР, за време на работната посета, Спасовски ќе оствари билатерална средба со првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Република Чешка, Вит Ракушан.По завршување на Министерската конференција, министерот Оливер Спасовски заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, и заменик претедателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман ќе одржат заедничка прес-конференција, стои во соопштението на Министерството. нд/

Остани поврзан