• недела, 24 ноември 2024

Спасовски: Целосно реконструирани 56 објекти, креираме подобри услови за сите вработени во МВР

Спасовски: Целосно реконструирани 56 објекти, креираме подобри услови за сите вработени во МВР
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) - Досега целосно реконструиравме 56 објекти, инвестираме во подобри услови за вработените за подобра услуга за граѓаните, напиша на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук профил. - Еден од стратешките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи е создавање на подобри услови за вработените со цел полицијата да прерасне во поквалитетен сервис за граѓаните. За последните 10 месеци реконструиравме 8 објекти, а моментално работиме на дополнителни 7 кои ќе бидат целосно готови до крајот на 2021 година, објави Спасовски. Управни служби Кавадарци, ОВР Крива Паланка, ОВР Гевгелија, ОВР Кавадарци, Полициско одделение Ростуше, Војнички клуб Илинден за потребите на САЕ „Тигар“, ОВР Ресен, Полициско одделение Дојран, посочува Спасовски, се објектите во кои беше извршена целосна реконструкција и санација на кров, фасади со енергетска ефикасност, промена на ПВЦ столарија, електрична инсталација, термичка изолација, греење по сите современи стандарди за квалитет и вредности во секојдневното живеење. Во тек е реконструкцијата на СВР Куманово, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, Полициско одделение Чашка, Полициско одделение Ранковци и Полициска канцеларија Старо Нагоричани. - Од 2017 до денес целосно реконструиравме 56 објекти со што континуирано креираме подобри услови за сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Работиме на создавање задоволна полиција, за задоволни граѓани!, напиша министерот Спасовски на неговиот ФБ профил. цр/дма/

Тагови

Остани поврзан