• среда, 25 декември 2024

Спасовски: „Таск форс“ за поефикасна борба против родовото насилство

Спасовски: „Таск форс“ за поефикасна борба против родовото насилство
Скопје, 7 март 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски предлага формирање посебен „таск форс“ во МВР за борба против родовото насилство. Оваа единица, како што рече вечерва на партиската онлајн трибина, би била составена од претставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот, полициски структури и граѓанскиот сектор, а би делувала како своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање. -Моето лично искуство и искуството на раководството на МВР е дека вакви „таск форс“-ови даваат многу брзи, ефикасни резултати и можност за позитивно делување. Се покажува дека вакво мешовито делување посебно на оперативно ниво, доведува до брза завршница на слуачите. Веќе е дадена задача во Министерството да работат експертите на овој план, истакна Спасовски. Осврнувајќи се на родовата рамноправност и еднаквост, министерот рече дека процентите покажуваат зголемено учество на жените во управувачката структура на МВР, оосбено во редовите на полицијата. -Минатата година имавме над пет проценти зголемување на вработувања на жени во полицијата, а оваа година очекувам процентот да биде уште поголем, но посебно ме радува тоа што имаме жени на раководни позиции, посебно во командната структура. Во 2015 година, кога станав првпат министер, немавме ниту една жена командир на полициска станица, а денес имаме повеќе, нагласи Спасовски. Според него, промените кои СДСМ сака да ги спроведе најпрво ги почнува во своите редови, во партијата. -Се бориме против стереотпите, но реформите и прогресот не се наша теснопартиска цел. Имаме двојна одговорност да се бориме за родовата еднаквост, и партиска и општествена, порача Спасовски на онлајн дискусијата што ја организира Форумот на жени на СДСМ во пресрет на утрешниот прзаник, 8 март. мч/дма/

Остани поврзан