• четврток, 26 декември 2024

Спасовски: Со Горан Тодоров како иден градоначалник на Кавадарци до забрзан напредок и развој

Спасовски: Со Горан Тодоров како иден градоначалник на Кавадарци до забрзан напредок и развој
Скопје, 7 септември 2021 Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска во Кавадарци учествуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на коалицијата предводена од СДСМ Горан Тодоров. Со Тодоров, во Кавадарци излегуваме со најдобрата понуда за вашата општина, понуда која заедно со програмата и советничката листа ќе обезбеди забрзан напредок и иден развој на овој важен град во Повардарието, истакна Спасовски. Тој нагласи дека работите се менуваат на подобро, во целата држава и тука во Кавадарци инвестиравме многу и во инфраструктурата и во земјоделството, во здравството, во детската заштита и образованието. Во овие четири години покажавме дека имаме храброст и визија за патот на напредокот по кој треба да се движиме. Преку упорност и визија ги реализиравме стратешките интереси, денес сме самостојна држава земја членка на НАТО. Денес, додаде Спасовски сме едно општество кое дава еднаква шанса за сите, како влада инвестиравме во сите општини без да има каква било поделба, така беше и со Кавадарци кој никогаш не беше игнориран или заборавен град. Низ партнерски однос со лозарите, ги решивме нивните проблеми кои се провлекуваа со години, како што беа долговите за предадено, а неплатено грозје од приватните винарии. Ги зголемивме и субвенциите, а со неповратни средства помогнавме на млади земјоделци и жени земјоделки, истакна Спасовски. Тој наведе дека над 5,7 милиони евра се инвестирани во 36 километри патна инфраструктура, а се вложуваше и во комуналната инфраструктура, во нови водоводи и канализации. Овде во Кавадарци ги реновиравме Одделението за управни работи и ОВР Кавадарци, а досега за четири години реновиравме 60 објекти на МВР. Бидете сигурни дека СДСМ победува во најголем дел од општините, победува и овде во Кавадарци. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан