• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Се чуствувам добро и сум во мојот дом во Куманово

Спасовски: Се чуствувам добро и сум во мојот дом во Куманово
Скопје, 14 ноември 2020 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше позитивен на Ковид-19, вечерва соопшти дека се чувствува добро и оти по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово. Спасовски, на својот профил на Фејсбук, напиша дека се шират лажни вести за неговата здравствена состојба и дека од вчера е хоспитализиран во приватна клиника. -Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест, пишува министерот за внатрешни работи. Како што наведува, тој им е бескрајно благодарен на нашите здравствени работници кои му помогнале, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот. -Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски, пишува на својот профил на Фејсбук. ев/

Остани поврзан