• недела, 28 јули 2024

Спасовски: Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога

Спасовски: Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога
Скопје, 5 јануари 2022 (МИА) - Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога, пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил. Од 2017 наваму, пишува Спасовски, раководството на МВР стратешки зазема бескомпромисен став за сериозна борба и спречување на овие појави. - И во 2022, како врвен приоритет останува ефикасниот и координиран одговор, а со краен резултат успешна борба против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот, сајбер-криминалот, објави министерот Спасовски на ФБ. цр/сп/

Остани поврзан