• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Прво да ги видиме па ќе донесеме заклучок за законските измени за реорганизација на министерствата

Спасовски: Прво да ги видиме па ќе донесеме заклучок за законските измени за реорганизација на министерствата

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во изјава за медиумите во Собранието за законските измени за реорганизација на министерствата, истакна дека на невидено поддршка или неподдршка не може да биде дадена.

-Во однос на тоа дали ќе даддме поддршка по однос на законите за како што тие ја нарекуваат реформа на администрацијата, треба тие закони прво официјално да дојдат во Собрание. На невидено поддршка или неподдршка, не може да биде дадена. Треба да ги видиме законите. Што е тоа што пишува во нив, кој е официјалниот текст и на основа на тоа ќе донесемне заклучок, одлука, и на ниво на партија и на пратеничка група дали ќе бидат поддржани овие закони, рече Спасовски.

На новинарско прашање кои комисии очекува да им припашаат на нив, тој нагласи дека законски е определено кои комисии припаѓаат на опозициските партии.

-За тоа постои формула, пропорционалност според големината на пратеничките групи. Второ, има законски определени кои комисии припаѓаат на опозицијата. Така да, во рамките на тоа што припаѓа и на тоа што ќе го разговараме со политичките партии кои што се застапени во Парлмаентот, тогаш ќе договориме колку комисии и кои би биле тие од редот на опозициските партии, изјави Спасовски.

Околу тоа кога очекува да заврши овој процес, тој рече дека динамиката за ова зависи од претседателот на Собранието.

-Динамиката за тоа кога ќе биде затворен целиот тој процес, сепак зависи од претседателот на Собранието. За нас е важно да помине процесот низ консултаици во кој што ќе добиеме максимална усогласеност помеѓу политичките субјекти, се со цел Собранието да континуира на еден нормален начин. Така што, јас очекувам дека тој процес ќе се одвива квалитетно, а не да гледаме кога тој би завршил, истакна Спасовски. фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан