• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски на онлајн состанок со ЕК на тема „Недозволена трговија со огнено оружје”

Спасовски на онлајн состанок со ЕК на тема „Недозволена трговија со огнено оружје”
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека денеска остварил онлајн состанок со Европската Комисија на тема „Недозволена трговија со огнено оружје”.
Спасовски на состанокот потенцирал дека сузбивањето на криминалот од областа на недозволената трговија на оружје и муниција, вклучувајќи ја и употребата на оружјето во кривични дела од областа на организираниот криминал, насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и останатите области, претставуваат значаен сегмент во справувањето со ризиците и заканите по внатрешната безбедност на секоја држава.
-Градењето и воспоставувањето на систем преку утврдување на процедури и механизми за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, имаат значајно влијание врз безбедноста. Остануваме посветени како на досега сработеното, така и на напредок во исполнување на целите на Патоказот за одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и трговија со малото и лесно оружје (МЛО) и нивната муниција во Западен Балкан до 2024 година, напиша министерот Спасовски на „Фејсбук“.ир

Тагови

Остани поврзан