• среда, 25 декември 2024

Спасовски на конференција на Прашки процес: Со Договорот за ФРОНТЕКС ќе обезбедиме подобра заштита на границите

Спасовски на конференција на Прашки процес: Со Договорот за ФРОНТЕКС ќе обезбедиме подобра заштита на границите
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Како министер за внатрешни работи на Северна Македонија, земја која е дел од ‘Балканската рута’ и која од почетокот на миграциската криза беше и останува транзит земја, но не и земја на потекло или земја како крајна дестинација, би сакал да истакнам дека соработката и активностите реализирани во рамки на Прашкиот процес, како и на сите процеси и платформи за управување со миграцијата, за нас се од огромно значење, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на на прес-конференцијата по Министерската конференција Прашки процес.
- Токму затоа остануваме посветени на спроведувањето на воспоставената соработка, со цврста определба и за реализација на новиот Акциски план на Прашкиот процес за периодот 2023-2027, кој во голема мерка се совпаѓа и со приоритетите на МВР на Северна Македонија во областите околу управувањето со миграцијата: спречување и сузбивање на илегалната миграција, трговија со луѓе, враќање и реадмисија, зајакнување на системот на азил и меѓународна заштита, истакна Спасовски на заедничката прес-конференцијата со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, министерот за внатрешни работи на Чешката Вит Ракушан и заменик претседателот на Собранието на Киргистан за миграции Медер Рахман, што се одржа по усвојувањето на Заедничката декларација и Акцискиот план на Четвртата Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес.Спасовски, како што соопшти МВР, уште еднаш ја нагласи посветеноста на Министерството за зајакнување на соработката и постигнување одржливо партнерство за поефикасно справување со предизвиците кои ги носи миграцијата, како преку миграциските партнерства, како што е Прашкиот процес, така и со агенциите на ЕУ.-Задоволство ми е да кажам дека со еврокомесарката Јохансон ќе го потпишеме Договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Со овој Договор ќе овозможиме подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или странски полициски службеници на критични точки на границите, рече Спасовски.
Тој додаде дека распоредувањето на персонал на ФРОНТЕКС ќе уследи по повеќегодишната реализација на Заедничката операција на јужната граница на Република Северна Македонија, во рамки на која странски полициски службеници од повеќе европски земји и партнери заеднички работат на зачувување на границите и на безбедноста на македонските граѓани, а со тоа и зачувување на границите и безбедноста на државјаните на Европската Унија.Министерот за внатрешни работи и прв заменик премиер на Чешка, Вит Ракушан, заблагодарувајќи се до земјите учеснички на Прашкиот процес потсети дека овој дијалог отпочнат во 2009 година во Прага дозволува земјите да се справат во поширок контекст со клучните предизвици на глобално и европско ниво.-Оваа конференција докажува дека европските земји и земјите членки на ЕУ се сеуште вољни да учествуваат во работата на Прашкиот процес, после 13 години историја, ние имаме големи предизвици кои ни претстојат, како што е украинската миграциска криза, рече Ракушан.Притоа, тој додаде дека усвојувањето на Заедничката декларација и Акцискиот план 2023-2027 на Четвртата Министерска конференција во рамки на Прашкиот процес дозволуваат Прашкиот процес да го продолжи својот мандат во годините што следуваат.-Овие документи дозволуваат да се продлабочи соработката и ги рефлектираат нашите намери во соработката за земјите што се дел од Прашки процес, како и најновите трендови, кои не се присутни само во Европа, туку и на глобално ниво. Ние успеавме да ги оцениме кои се важните механизми и алатки за понатамошна соработка, како и јакнење на капацитетите и дополнителни начини на соработка. Пред нас стојат години на имплементација на овие резултати, кој е еден многу амбициозен план на Прашки процес”, подвлече Ракушан.Известувачот за трговија со луѓе при Советот за миграција во рамки на претседателот на Собранието на Киргистан, Улан Ногобаев, ја оцени денешната конференција како многу продуктивна, одлична платформа за дијалог, додека самиот Прашки процес им помага на земјите како Киргистан да ги надминат предизвиците со кои земјите денес се соочуваат. нд/

Остани поврзан