• недела, 29 декември 2024

Спасовски: Минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра во идниот мандат

Спасовски: Минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра во идниот мандат

Скопје, 20 април 2024

 

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оддржа два митинга во Куманово, заедно со граѓаните од Панче Пешев и Долно Којнаре.

„На овие избори го ордедуваме патот кон иднината, дали кон ЕУ или кон неизвесност. Сите заедно да бидеме на висина на задачата, да го одржиме заветот од нашите предци и да ја исполниме одговорноста кон идните поколенија”, рече Спасовски пред граѓаните на Долно Којнаре. Спасовски истакна дека во изминатите 7 години е сторено многу од страна на СДСМ за Куманово и за државата.

„Во 2016 година имавме програма која ја понудивме на граѓаните, а беше креирана од граѓанитем, со решенија за нивните реални проблеми. Воведовме систем на повраток на данок на додадена вредност, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме ефтината тарифа на струја, имаме миниална плата од 22.500 денари и просечна плата од 600 евра. Тоа е основата и за новата програма со луѓе кои имаат кредибилитет да ја реализираат со нови економски мерки за подигнување на стандардот на граѓаните. Во програмата за европска иднина имаме минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, имаме систем на двојно усогласување на пензиите во јануари и јуни, имаме новогодишен пакет за пензионери од 100 евра, имаме енергетски пакет за сите приматели на пониска пензија од 1500 денари од октомври до март и многу други мерки кои гарантираат подобар животен стандард”, рече Спасовски.
Пред граѓаните од Панче Пешев Спасовски истакна дека имаме 7 кандидати за претседател, но само еден е европскиот избори – Стево Пендаровски.

„Имаме седум кандидати за претседател, но само еден е вистинскиот избори, тоа е нашиот претседател Стево. Од другите шест кандидати не може да се состави еден асален претседател”, рече Спасовски, додавајќи дека уште сега за време на техничката Влада се гледа враќање на режимот.

„Лицето на режимот повторно сака да се воспостави како власт, а тоа е евидентно од случајот со новинарот Фуркан Салиу! Нема да дозволиме повторно враѓање на режимот, на 24ти април и на 8ми мај победата ќе ја однесе СДСМ и коалицијата за европска иднина!”, истакна Спасовски. 

СДСМ - ИЕ 2

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан