Спасовски - Кавано: Продлабочување на соработката меѓу Република Северна Македонија и ИНТЕРПОЛ
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ, Стефан Кавано.
Скопје, 5 мај 2022(МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ, Стефан Кавано.
- На средбата министерот Спасовски се заблагодари на прифатената покана за присуство на Регионалната конференција од страна на претставник на ИНТЕРПОЛ, посебно дека истата е организирана како дел од активностите за да се одбележи 7 Мај – Денот на полицијата, и напомена дека го радува што има ваков широк состав на шефови на полиции во нашата земја, како и претставници на меѓународните организации, посебно од ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ, правејќи ја средбата од важност за регионалната и глобалната безбедност. Меѓудругото, тој ја изрази спремноста за организација на Европската Регионална Конференција во 2023 година, кое пак се поклопува со 30 годишното членство во ИНТЕРПОЛ, информираат од МВР.
Спасовски истакна дека соработката меѓу земјава и ИНТЕРПОЛ ќе биде продлабочена во секој облик во иднина. Министерот потенцира дека МВР е отворено за проширување на соработката и оти останува кредибилен партнер на ИНТЕРПОЛ.
- Извршниот директор на полициските служби при ИНТЕРПОЛ се заблагодари на поканата и од име на Генералниот секретар Јирген Сток и изјави дека Северна Македонија не е само кредибилен партнер, туку е лидер во регионот за соработка во областа на сузбивање на криминалот и подобрување на безбедноста. Потенцираше дека поддршката што ја даваме за размената на податоци е важна за глобалната безбедност и за сите 195 земји членки на ИНТЕРПОЛ, жртвата што ја прави Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија со отстапување стручен кадар за придонесување на развој на активностите на ИНТЕРПОЛ се вреднува од самата организација, велат од МВР.
Извршниот директор напомена дека Северна Македонија е мост на Западен Балкан и оти сакаат да ги интензивираат идните активности во земјата, при што изразил благодарност за подготвеноста на МВР за организација на Европската регионална конференција и дал поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на ИНТЕРПОЛ. ир/сп/