• среда, 27 ноември 2024

Спасовски и Дујовски во посета на кампот за обука на МВР во Лазарополе

Спасовски и Дујовски во посета на кампот за обука на МВР во Лазарополе
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност - Скопје, проф. д-р Никола Дујовски денеска беа во посета на кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе, каде студентите од Факултетот за безбедност се на  практична настава – логорување. Министерот  Спасовски  имал можност одблиску да ги проследи практичните сценарија реализирани  од страна на студентите кои се однесуваат на: начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема. Како што соопштија од МВР, Спасовски и Дујовски се дружеле со студентите, а министерот за внатрешни работи ги охрабрил уште попосветено да ги совладуваат теоретските и практичните цели на обуката, затоа што безбедносниот систем има потреба од врвно едуцирани и подготвени млади луѓе кои ќе се вклучат во реализацијата на безбедносните практики во државата. цр/дма/

Остани поврзан