• среда, 25 декември 2024

Спасовски и Гашиќ потпишаа Протокол за заеднички гранични проверки на преминот „Лојане – Миратовац“

Спасовски и Гашиќ потпишаа Протокол за заеднички гранични проверки на преминот „Лојане – Миратовац“
Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот српски колега Братислав Гашиќ го потпишаа Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“.
 
- Иако македонските и српските гранични служби, традиционално веќе подолго време заеднички соработуваат, со овој Протокол ќе придонесеме во подетално уредување на начинот на извршување на граничните проверки на овој заеднички граничен премин, објави на фејсбук министерот Спасовски.
 
Спасовски упати благодарност до колегата Гашиќ за укажаното гостопримство и пречек, што претставува, како што напиша на фејсбук, одличен показател за напредокот на меѓусебна соработка меѓу нашите Министерства и за пријателските добрососедски односи и партнерство, што придонесуваат и кон унапредување на билатералната соработка. цр/аа/
 
фото: фејсбук Оливер Спасовски
 
 
видео: МВР

Остани поврзан