• четврток, 26 декември 2024

Спасовски и Гашиќ во Белград потпишаа меморандум за олеснување на движењето на лица и стоки преку државната граница

Спасовски и Гашиќ во Белград потпишаа меморандум за олеснување на движењето на лица и стоки преку државната граница
Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на официјалната посета на Република Србија, како дел од владината делегација, денеска заедно со својот хомолог, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница.
 
Меморандумот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница, особено преку граничниот премин Табановце-Прешево, и ќе придонесе за намалување на гужвата на граничниот премин за време на туристичката сезона, што е во интерес на граѓаните на двете земји како и на сите кои го користат граничниот премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.  

Спасовски и Гашиќ за време на билатералната средба го истакнаа значењето на пријателските односи на нашите две земји, кои интензивно ја следат и соработката на македонската и српската полиција, а потпишувањето на Меморандумот претставува ново поглавје во регионалната соработка и поврзувањето  на нашите пријателски народи. аа/

Фото: Влада

Остани поврзан