• недела, 24 ноември 2024

Спасовски: Инвестиравме 17 милиони евра во реконструкции и 13 милиони евра во униформи и опрема

Спасовски: Инвестиравме 17 милиони евра во реконструкции и 13 милиони евра во униформи и опрема

Скопје, 2 јануари 2023 
 
Во интервју за Локално.мк, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше прашан за тоа што ќе остави во МВР доколку дојде до смена на власта во 2024 година.

Притоа, Спасовски потенцираше дека оваа раководство на МВР инвестираше 17 милиони евра за реконструкција на полициски објекти низ државава  како и 13 милиони евра за униформи и опрема.

„Со инвестирани 17 милиони евра за реформските процеси на оперативно рамниште, 2023 година ја завршивме со завидна бројка од 80 комплетно реконструирани енергетски ефикасни објекти. Отпочната е реконструкција на Управните служби, како и основни подготовки за отпочнување на активности во Центарот за обука во Идризово. Воедно, можеме да се пофалиме и со уште два нови објекти, најсовремената Форензичка лабораторија на Балканот, во рамки на Одделот за форензички испитувања и новата Полициската станица Аеродром, чија изградба од темел ја отпочнавме”, истакна Спасовски, додавајќи дека 13 милиони евра беа инвестирани во униформи и опрема.

„Оставам и опремена полиција во која се вложени 13 милиони евра за униформи, чевли и опрема за сите организациони единици во МВР, се обезбедија дрегери и радари со уреди за ноќно снимање, се набавија интервентни, транспортни и возила за справување со нарушен јавен ред и мир, но и пловни објекти, а се изврши и комплетна модернизација на Хеликоптерската единица. Благодарение на набавеното ведро и систем за гаснење пожари, таа само во годината што измина оствари 33 летови, со исфрлени 936 тона вода за гаснење на пожари, а од неодамна, со обезбедената и монтирана медицинска опрема на еден од воздухопловите, овој оддел може да врши транспорт на пациенти по воздушен пат. Воедно, набавивме и 20 интервентни комбиња, за потребите на сите СВР-а, кои се опремени со најнова високософистицирана опрема”, рече Спасовски.

Министерство за внатрешни работи

фото Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан