• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: Зголемена откривачката дејност при спречување обиди за илегални преминувања

Спасовски: Зголемена откривачката дејност при спречување обиди за илегални преминувања

Демир Капија, 8 февруари 2023 (МИА) – Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски  вечерва ги посети полициските службеници од пунктот за борба со илегална миграција и криумчарење мигранти во Демир Капија.

Посетата е  дел од активностите за контрола и проверка на работните активности во оперативниот план  во делот на спречување на илегалната миграција, што, како што изјави Спасовски, е исклучително голем предизвик не само за државава, туку и за Европската унија и пошироко.

-Тоа што го презентираа колегите кои работат директно на терен укажува на фактот дека посветеноста, целите, задачите, што се зададени пред македонската полиција се оставаруваат со темпо што гарантира безбедност на државата и на целите во овој регион, изјави Спасовски.

Тој истакна дека еден од приоритетите на кои се работи е спречувањето на илегалната миграција. Минатата година, наведе министерот, ја завршивме со 100 процентно зголемување на откривачката активност при спречување обиди за илегална миграција. 

 -Во подолг временски период многу посветено работиме заедно со колеги од повеќе европски држави на заедничка билатерална акција и на обезбедување на јужната граница, но и во внатрешноста заради тоа што и спречувањето илегално влегување во државата и откривањето криумчарење мигрантите е една од поглавните работи, изјави Спасовски.

Се заблагодари на сите припадници од билатералната мисија за активностите и успесите што ги имаат заедно со македонските полициски службеници бидејќи, нагалси, направиле Северна Македонија да биде држава која одлично се справува со спречување илегален влез.

Според податоците на МВР, лани на границите со соседните земји спречени се 27.391 обид за илегални преминувања.

Јужната граница се уште е клучна точка за влез на мигрантите и нивно натамошно движење, што се гледа и во бројот на спречени обиди на границата со Грција, 24.965, каде е забележано зголемување на обидите за 35,5 отсто.

Статистиката на МВР покажува дека криумчарењето мигранти бележи пораст, за 68,2 проценти е зголемен бројот на откриените случаи, а за 80 проценти на спречени мигранти. Најголем број од случаите, 73 проценти,  се откриени од полициски службеници од Регионален центар „Југ“  чија ефикасност се должи на заедничкото делување на мешани патроли со странските полициски службеници од осум држави кои вршат засилен надзор на јужниот дел од државната граница.свд/лв/

 

Остани поврзан