• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Скопје, 1 август 2024

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Вести плус“ на канал 5 телевизија во врска со интензивните пожари кои пустошат во државата истакна дека координацијата на институциите затајува, а ситуацијата бара далеку подинамичен пристап.

-Затајува координацијата. Апелирам во овој период за енергична акција. И за пронаоѓање на било какви сторители или оние што палат. Институциите треба да работат, да се преземаат најстроги мерки за секој што ќе се отркие да подметнува пожар, заради тоа што најмногу страда државата, се загрозува и здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски. 

Тој ги демантираше лагите дека досега не се вложувало ништо во справувањето со пожарите посочувајќи дека СДСМ ги опреми хеликоптерите за да може да се гасат пожари.

-Нека каже било кој дали постоеле хеликоптери и персонал. Немало. МВР немаше подготвено ниту еден воздухоплов, ниту еден хеликоптер, којшто беше опремен за гасење пожари, ниту имаше обука за полициски службеници за гасење пожари. Во 2022 година МВР од сопствен буџет опреми три хеликоптери со најсовремена опрема и го обучи персоналот, заедно со колегите од Словенија, преку заеднички проект и денеска тие се една од најмобилните единици за гасење пожари, нагласи Спасовски.

Во врска со ребалансот на буџетот Спасовски ја посочи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не поднесуваше илјадници амандмани, со кои ќе се одолговлече постапката за донесување на ребалансот, тоа е разликата меѓу нас и сегашната власт.  Тие кога беа во опозиција поднесуваа амандмани само за да може да се одолговлекува целиот процес. СДСМ поднесе амандмани за поголеми плати, за награди за пожарникарите, полицајците, војниците, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.


СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан