• недела, 24 ноември 2024

Спасовски: Засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните

Спасовски: Засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Во текот на изминатата недела 25.12.2023 - 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

-Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, стои на фб статусот.

Во последната недела од 2023 година МВР спровело и 33 активности во делот на превенцијата.

-Остварени се и 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје. Продолжуваме - транспарентно и отчетно!, пишува на фејсбук статусот на министерот Спасовски. вг/ев/

Фото: МИА/МВР

Остани поврзан